The personal experience of Моника и Дејан Ристески from North Macedonia
Моето искуство со New Life ќе го паметам засекогаш како дел од едно од најважните патувања во мојот живот. Од првиот момент почувствував топлина, грижа и искрена посветеност од целиот тим, особено од Д-р Giorgos Chorozoglou и нашата координаторка Елена Најдоска.
Во период исполнет со надежи, стравови и многу емоции, тие беа моја поддршка, моја сигурност и мојата сила. Секој разговор, секоја насмевка и секој одговор на моите прашања значеа повеќе отколку што можам да опишам.
Благодарение на нивната професионалност и човечност, денес моето срце е исполнето со радост и надеж – затоа што мојата најголема желба полека станува реалност, а нашето семејство се подготвува да се зголеми со две мали чуда.
Засекогаш ќе им бидам благодарна што беа дел од овој пат. Од срце ги препорачувам на сите кои сонуваат да станат родители. ❤️🍀✨